Видое Смилевски - Бато б.б, Тетово

Закажете Консултација

Мебелот по мерка / нарачка треба да ви реши некаков проблем или да ви го подобри и олесни животот.

Процесот за да стигнете до саканата цел не треба да биде тежок. Пополнете ги информациите подолу и ние ќе стапиме во контакт со вас - или, само јавете се или испратете е-пошта, и дозволете ни да ви го направиме животот полесен кога станува збор за внатрешно уредување или изработка на мебел.
Поради веќе настанатата КОВИД-19 пандемија, со цел да се заштитиме сите, ние во Дуос Мебел се одлучивме што е можно поголем дел од нашиот бизнис да го водиме преку Интернет, така што за 80% од целовкупниот процес веќе имаме разработена "шема" што навистина функционира.

Поради веќе настанатата КОВИД-19 пандемија, со цел да се заштитиме сите, ние во Дуос Мебел се одлучивме за онлајн консултации и состаноци. Разработивме "шема" за 80% од целовкупниот работен процес, единствено во последната фаза на консултации е потребно (но не е неопходно) вашето физичко присуство, кога се бираат материјали, текстури и механизми.

Накратко, консултациите се преку видео разговор на Viber или било која видео платформа по ваш избор.

Oткако ќе ви одговориме на прашањата или ќе се објасниме подетално околу мебелот, потребно е да ни испратите слики и приближни мерки од собата за да може да направиме 3Д визуализација. Секако ние сме тука за да ви помогнеме при земање на мерките.

Најпрво ви испраќаме документ со слики и информации како и што треба да измерите, откако ќе измерите ни ги испраќате мерките и почнуваме со проектирање.

Кога ќе се заврши проектот ви исраќаме детални слики и спецификации за мебелот, исто така ви испраќаме и линкови за избор на механизми и материјали, како и видеа од истите за да може подобро да ги видите како изгледаат и функционираат во вистинскиот свет.

Последниот чекор е понудата, откако ќе се одлучите за материјалите и механизмите, ви подготвуваме понуда.

Доколку понудата ви се допаѓа и ја прифатите, следниот чекор е единствениот чекор каде што треба да се видиме лице-в-лице, тоа мора да е така бидејќи мора да дојдеме на терен и да земеме прецизни мерки од вашиот простор пред да почнеме со производство на мебелот. Мерките што вие предходно ни ги испраќате служат само за припремување на понуда, финалните мерки мора да ги земеме ние.
Консултација
Соодветно време за контакт ? *

Дали сте спремни за промена?

Вие имате визија за вашиот простор, ние знаеме како да ја реализираме.
apartmentenvelopephone-handsetclockmenu