Гаранција и Рекламации
Почитувани Клиенти,
Бидејќи мебелот го произведуваме според Вашите барања и спецификации, гаранцијата т.е. квалитетот на самиот производ зависи од вашиот избор на материјали и механизми, кои во најмал случај минималната гаранција на мебел изработен од основни (стандардни) материјали и механизми е 2 години.
Доколку мебелот е изработен од премиум материјали и механизми, (на пример механизми од фирмата BLUM) гаранцијата на мебелот е 5 години.
Во моментот на прием на производот, должни сте истите да ги проверите и веднаш да поднесете приговор за евентуални надворешни како и внатрешни оштетувања на истиот. Во спротивно сите задоцнети рекламации во однос на надворешни/внатрешни оштетувања на производот нема да бидат прифатени.
Со приемот на артиклите добивате фактура-испратница, која сте должни да ја потпишете.
Секој производ, купен од салоните на Дуос Мебел има минимум гаранција од 2 години. Гаранцијата нема да важи доколку:
- Не e приложен доказот за купување (фискална сметка или Фактура-испратница)
- Има обиди за поправка на производот од неовластени сервисери
- Има оштетувања или дефекти настанати при неправилна употреба на производот
- Има физички оштетувања на производот
Доколку имате проблем со производот може да побарате рекламација преку долунаведениот формулар, пополнете ги бараните информации и прикачете слика од проблемот.
Откако ќе го примиме вашето Барање, ќе ве контактираме за појаснување (доколку има потреба), за погодно време и за двете страни да го решат проблемот. Крајниот рок за елиминација на барањето за рекламација зависи од обемот на проблемот, во просек времето на решавање на проблемот е од 15 до 20 дена.