Видое Смилевски - Бато б.б, Тетово
Проектирање на мебел

Проектирање и 3Д Дизајнирање на мебелот

3Д Дизајнирање / Проектирање на ентериер и мебел е мешавина на знаење и вештини стекнати преку години работа и искуство, а делумно е и уметност.

Опкружувањето мора да има силен визуелен идентитет. Секој ден се стремиме да најдеме нови и невообичаени решенија со цел да ги комбинираме убавината и функционалноста на просторот.

Проектирањето се изведува за да се скрати процесот на реализација. Исто така, го забрзува и олеснува процесот на изведување работи од областа на адаптациаја и декорација.

Дизајнирањето за нас е вистинска уметност за создавање удобност и комфорт. Експерти од нашиот тим можат да ви помогнат да ги решите дилемите што ги имате за уредување на вашиот простор или да добиете нови идеи.

Кога клиентите се заинтересирани да работат со нас, прво ги контактираме, целта на првичните консулатии е да разбереме кој стил на дизајн, бои, текстури и материјали ви се допаѓаат.

Нашата цел е да го уредиме вашиот простор за живеење или деловниот простор за да одговараат на вашите потреби и вашиот животен стил. Ние нудиме огромен избор на можности, кои нашиот тим може да ги реализира без никакви проблеми. Доколку имате било какви сомнежи во врска со уредувањето, ние сме тука да ви го дадеме вистинскиот совет. Ние ќе ги интегрираме вашиот животен стил и дизајн во еден убав амбиент.

Во нашиот изложбен салон / веб страница може да погледнете примероци на материјали, бои, механизми и т.н. Исто може така ќе погледнете фотографии и проекти кои ги имаме изработено, кои ќе придонесат до решавање на некои ваши дилеми и ќе бидете поблизу до вашата конечна одлука.

Се што ќе ни кажете е добро запамтено и запишано, ги координираме димензиите и дизајнот и се вклопуваме во вашиот простор.

Изработување на 3Д модел ќе создаде јасна слика за тоа што сте го замислиле и за тоа што ние ви го предлагаме.

Големиот избор на карактеристики, иновации и стручност на нашиот тим ќе ги решат сите ваши грижи преку кои поминувате за време на уредувањето, без оглед дали станува збор за реновирање или комплетно опремување.

За почеток, важно е да се запознаеме за да може да создадеме јасна слика и добар план за уредување на вашиот простор.

Дали сте спремни за промена?

Вие имате визија за вашиот простор, ние знаеме како да ја реализираме.
apartmentenvelopephone-handsetclockmenu