Видое Смилевски - Бато б.б, Тетово

ОПШТИ УСЛОВИ И УСЛОВИ НА РАБОТЕЊЕ

Овие општи Услови и правила се применуваат за сите испораки на производи и сродни услуги, освен ако не е поинаку наведено во писмена форма.

Цените на производите/проектите/услугите се утврдуваат според желбите / спецификациите / димензиите / материјалите / механизмите на купувачот. Во договорот за продажба, кој го издава Дуос Мебел (во натамошниот текст Продавачот), сите трошоци мора да бидат наведени.

Цените се пресметани со тоа што доставата и монтажата на мебелот е бесплатна.

Понуди

Понудите се регулираат според овие Услови за продажба. Други услови за продажба не се прифатливи, освен ако не се дадени писмено од страна на Продавачот.

Понудата не го обрзува купувачот или продавачот да ја реализираат истата. Продавачот не е должен да изврши резервација на понудената стока врз основа на понудата, освен ако не е определен рокот на прифаќање на понудата, односно плаќање на авансот. Валидноста на понудата е наведена во секоја понуда. Ако не, понудата важи максимум 8 дена од денот на издавањето.

Сите технички спецификации на производот се по избор, бидејќи техничките промени се сметаат за вообичаени. Ако нарачката на купувачот содржи некои услови што не се еднакви на овие Општи усови на продажба, Продавачот ќе достави писмена понуда со своите услови за продажба и ќе се смета за валидна.

Нарачки

Нарачката на купувачот се смета за прифатена кога Продавачот ќе ја потврди писмената нарачка на купувачот со дефинирани количини, цени, трошоци и време на испорака, а кога купувачот плаќа аванс, се опродолжува според Договорот за продажба. Купувачот се согласува да го достави своето несогласување со писмена потврда во рок од 2 дена, во спротивно Продавачот смета дека купувачот го прифатил истото и може да започне со реализација на нарачката.

Откажување на нарачката може да направи купувачот само преку писмено барање, но само со согласнот на Продавачот, доколку тој веќе не ги доставил производите /услугите до купувачот во одредениот временски период. Продавачот го задржува правото да ги наплати вистинските трошоци направени со откажување на нарачката од купувачот. Нарачаните дизајни не можат да бидат одкажани. Промените во нарачката на Купувачот мора да бидат во писмена форма и прифатена од страна на Продавачот. Промената на нарачката ќе ја прифати Продавачот без последица од Купувачот кога е можно и кога таквата промена не го донесува до неповолна положба.

Достава

Доставата е бесплатна за производи над 12,000 ден, во спротивно се наплаќа 70 ден од м2.

Истоварот и внесувањето на мебелот е обврска на купувачот само доколку објектот се наоѓа до третиот кат, доколку објектот се наоѓа над третиот кат, Купувачот е должен да помогне при истоварот и внесувањето на мебелот.

Начинот и времето на достава се договараат за време на купување на производите, Купувачот секогаш се известува 2 дена пред испорака/монтажа на мебелот.

Купувачот е должен да обезбеди паркинг место, простор за пристап на возилото и простор и пристап за внесување на стоката.

Гаранција

Продавачот ги пренесува оригиналните гарантни услови на производителот на купувачот. За сите производи за кои не постои гаранција на производителот,

Во моментот на прием на производите, Купувачот е должен истите да ги прегледате и веднаш да приговорите за евентувални надворешни оштетувања на производот. Евентуалниот приговор треба да биде упатен на телефонскиот број од салонот од кој производот е купен и кај лицето кое ја врши испораката, во спротивно сите подоцнежни рекламации во однос на надворешни оштетувања на производот нема да бидат прифатени.

Секој производ, купен од салоните на Дуос Мебел има гаранција од 2 години. Гаранцијата нема да важи доколку:

- Не e приложен доказот за купување (фискална сметка или Фактура-испратница)
- Има обиди за поправка на производот од неовластени сервиси
- Има оштетувања или дефекти настанати при неправилна употреба на производот
- Има физички оштетувања на производот

Подетални информации околу гарнацијата може да прочитате тука.

Монтажа

Монтажата е бесплатна и ја вршат вработени од Дуос мебел. Монтажата може да одземе 2 или повеќе денови во зависност од комплексноста на мебелот/проектот.

Вградувањето на кујнските апарати е бесплатно под услов да се купени во Дуос Мебел, во спротивно наплаќаме 300 денари по апарат. Не вршиме електрично поврзување на кујнските апарати и повржување на мијалници или било какво повржување со вода.

Рокови на испорака

Главна определба на Дуос Мебел е брза испорака на своите производи до купувачите.

Рокот на испорака на производите зависи од видот и комплексноста на производите.
Рокот на изработка на кујни е од 35 до 65 дена.

За производи за кои е потребно поголемо време за изработка и достава се известуваат самите клиенти пред склучување на нарачката.

Рекламации

- Продавачот е должен најдоцна во рок од 15 дена по приемот на рекламацијата да даде свое мислење и свој предлог за решавање на пријавениот проблемот.
- Доколку се утврди дека рекламацијата е оправдана продавачот е должен во рок од 25 дена да ја отклони рекламацијата со поправање или замена на производот.
- Доколку се утврди дека рекламацијата не е оправдана продавачот има право да бара надомест од купувачот.
- Продавачот е одговорен за робата само во гарантниот рок наведен при купување на производот (Минимум 2 години)
- Продавачот не одговара за робата која е подигната со сопствен превоз и/или извршена монтажа од трети лица, освен во случај на технички проблем.
- Повеќе информации во врска со рекламациите може да прочитате тука.

Димензии на производите

- Купувачите задолжително треба точно да ги проверат димензиите на производите кои ги нарачуваат.
- Обврска на купувачот е да не ја модифцириа просторијата каде што треба да се монтира нарачаниот мебел одкако ќе ја направи нарачката.
- Димензиите и просторот се дефинираат пред купувачот да добие понуда, со тоа што Дуос Мебел извршува професионално мерење и проектирање на мебелот/просторот пред купувачот да ја направи нарачката.

Дали сте спремни за промена?

Вие имате визија за вашиот простор, ние знаеме како да ја реализираме.
apartmentenvelopephone-handsetclockmenu