Видое Смилевски - Бато б.б, Тетово

Прецизно Mерење

Прецизното мерење е исклучително важно за дизајнот и функционалноста на просторот. При доаѓање на терен, ние користиме ласерски мерачи за да ја елиминираме можноста за грешка.

Ние се грижиме за сe

За да создадеме парче мебел по ваш избор што одговара на вашиот простор за живеење или деловно работење, неопходно е да имаме прецизни димензии на просторот во кој ќе се наоѓа производот (ите). Нашиот тим е обучен да земат професионални мерки од просторот, а мерењето е брзо, точно и прецизно.

Ние се грижиме за аглите на ѕидовите бидејќи тие ја одредуваат ширината на просторот каде што е поставен мебелот. За нас е исто така важно дали ѕидовите се прави затоа што тие ја покажуваат вистинската должина на просторот. Исто така е важно за нас точно да ги запишеме позициите на вашите инсталации (приклучници, прекинувачи, вентили, канализации, вентилација, итн.).

Сите овие информации ги внесуваме во проектот кој го користиме за изработка на кројната листа.

Го реновирате вашиот простор, а постоечките инсталации не одговараат на распоредот на елементите ?

Не е никаков проблем. Ние сме специјализирани во сите ситуации, така што ако распоредот на поестоечките инсталации (позиции на струја, вода и т.н.) не одговара на распоредот на елементите, ние ќе предложиме идејно решение за инсталацијата и брзо ќе го решиме проблемот.

Бесплатно Мерење

Доколку одлучите да не ангажирате, ние после првичниот контакт ќе излеземе на терен и ќе направиме бесплатно мерење и припремање на просторот.

Дали сте спремни за промена?

Вие имате визија за вашиот простор, ние знаеме како да ја реализираме.
apartmentenvelopephone-handsetclockmenu