Видое Смилевски - Бато б.б, Тетово

КУЈНИ ПО НАРАЧКА

Кујната одамна не е само просторија за готвење, ниту е априори женска соба. Тоа е центарот на домот, местото каде што се собира семејството, каде ги пречекуваме драгите гости, се опуштаме, уживаме во домашни јадења и пријатни разговори со најблиските. Затоа, ние во Дуос Мебел вложуваме максимални напори да дизајнираме уникатни кујни кои имаат модерен и елегантен изглед и вистинска функционалност. 

Нашата цел е во секој поединечен проект да постигнеме практично користење на кујнскиот простор, но и целосно искористување на индивидуалните детали што го ослободуваат потенцијалот на просторијата. 

Вашата кујна ја претвораме во просторија со карактеристичен стил што се усогласува со вашите потреби, во посебен акцент кој што се надополнува или спротивставува на вашата дневна соба.

ГАЛЕРИЈА

СТИЛСКИ И ПРАКТИЧНИ КУЈНИ ПО НАРАЧКА

Изборот на вистинското внатрешно решение поминува низ неколку последователни чекори. Пред сè, нашите професионални тимови ќе ве упатат како да ги дистрибуирате кујнските единици, така што ќе добиете функционална и удобна кујна во која ви е на располагање се што ви треба. Процесот на разгледување и планирање мора да биде многу внимателен, бидејќи вклучува проценка на архитектонските карактеристики и димензиите на просторијата. Нестандардните карактеристики не се проблем за нашиот тим дизајнери на ентериер, напротив, тие се посакуван предизвик, кој го истакнува нашиот уметнички поглед на дизајнот на ентериерот и нашето искуство и знаење од областа на мебелот.

Вториот чекор е избор на стил во кој ќе одлучите за вашата кујна. Ако е посебна просторија, имате слобода да изберете дизајн без да разгледате дополнителни детали. Меѓутоа, ако кујната е поврзана со дневната соба, задачата е да изберете заедничка порака и мебел што ќе се комбинираат. Може да биде карактеристичен акцент или додаток во дневната соба, но во секој случај потребно е да имате заедничка целина.

Постојат три најкарактеристични стилови во дизајнот на внатрешни решенија за кујни - класични, минималистички и модерни. Првиот се одликува со погледот кон минатото и кујните на нашите сакани мајки и баби, со носталгија за годините на детството и ретро стилот. Вториот одговара на динамичните личности, тоа е модерен дизајн со строгост на деталите и чисти линии, исклучително функционален. Третиот се потпира на иновативни технологии, како во кујнските апарати, така и во однос на додатоците. Донесува екстраваганција, визија, светли бои и футуристички комфор.

Чекор бр. 3 е внимателен избор на материјали што ќе ги користиме за вашата кујна. Најчести се Медијапан (МДФ) и Иверка, а вашиот избор зависи од средствата што сакате да ги вложите во кујнски мебел и од вашето лично чувство за удобност и убавина. Она што можете да го очекувате од нас е да ве потсетиме и да посочиме дека првокласните материјали според европските стандарди, кои се многу издржливи, ви даваат самодоверба дека ќе ја користите вашата кујна долго време и без ризик од оштетување. Современите технологии во оваа област ви овозможуваат бесконечна разновидност на бои и нивната комбинација, фурнири и структури што ја прават вашата кујна апсолутно уникатна.

Економичниот пристап при избор на кујна е целосно можен кај нас од Дуос Мебел, но тој никогаш не е на штета на главните одлучувачки погодности, туку е во најголем дел поврзан со поекономична примена на декоративните елементи. Исклучително е важно да се изберат првокласни механизми на вратичките од елементите, висококвалитетни рачки, и првокласни механизми за фиоки, бидејќи трајноста и долговечноста на мебелот зависи од тоа.
Кујни од Медијапан
Кујни од Иверка
Класични / Ретро Кујни
Заоблени Кујни
Медијапански Кујни по нарачка - функционалност, квалитет и убавина со Дуос Мебел!

Кои се предностите на Кујната изработена од Медијапан.

Медијапан е еден од најчесто користените материјали за производство на кујнски мебел. Овој вид "дрвени панели" се изработени од меко дрво, кои се обработуват со посебна технологија за да се добие еколошки, лесен за употреба материјал што ја задржува својата структура долго време.

Ова значи дека покрај тоа што е функционално и практично, како и сите обични кујни, вашата ќе има и неколку други предности:

• Прекрасен изглед и загарантиран квлитет со години - нема да се жалите на зафатените врати или нестабилните полици.
• Отпорност на влага. Сите кујни од МДФ - сјајни, мат и фурнири - лесно може да се монтираат и користат дури и во простории со поголема влажност (до 80%) за разлика од кујните од Иверка.
• Оптимален однос на цена и квалитет: материјалот е поскап од иверката, но сите кујни од МДФ се направени од материјал кој е лесен за обработка и одржување.
• Не штети на природата, плочите од МДФ се еколошки и здрави.

Какви кујни по мерка од Медијапан нуди Дуос Мебел?

Кујни изработени од Медијапан со Висок Сјај
- Кујни со мазни и сјајни површини на кои штом го инсталираме и го поставиме вистинското осветлување, вашата кујна ќе блеска и секогаш ќе изгледа светло и чисто.

Кујни изработени од Медијапан со Матиран Финиш (Мат)
- Кујните од Медијапан Мат многу се лесни за одржавање, на нивната површина скоро и да не се познаваат отпечатоци од прсти, исто така вратите не се гребаат лесно.

Кујни изработени од Медијапан Фурниран
- Кујни од фурниран медијапан кои имаат можност да ја трансформираат просторијата и да ја направат омилени место на целото семејство. Нудиме огромна разновидност на фурнири.

Што вклучува понудата на Дуос Мебел кога станува збор за изработка на кујни по нарачка?

Тимот на Дуос Мебел вклучува дизајнери и столари со догогодишно професионално искуство. Тие ќе ги земат во предвид вашите желби, како и можностите што им ги дава просторијата. Тие оптимално ќе го искористат просторот за да имате удобна кујна во која ќе готвите со задоволство.

Што конкретно може да ви понудиме?

• Дизајн на целокупниот изглед на кујната, како и нејзините одделни делови.
• Производство на мебелот.
• Испорака и инсталација.
Кујни од Иверка изработени по нарачка - практични, убави, со одлична цена.

Кои се предностите на кујните изработени од Иверка.

Иверката е материјал кој најмногу се користи во производството на мебел. Причината е тоа што добивате голема вредност за цената што ќе ја платите. Карактеристиките на иверката зависат од нивната дебелина и густина. Нашите професионалци ќе ви препорачаат материјал со вредности погодни за вашата кујна и вашата идеја.

Но, генерално - предностите на кујните изработени од иверка се следние:

• Голем избор - големиот избор на материјал  им овозможува на нашите дизајнери да создадат уникатен и удобен мебел за вас и да го искористат најголемиот дел од просторот.
• Добар изглед и Разновидност. Иверките имаат висок степен на отпорност на абење, а ние во „Дуос Мебел“ ви нудиме огромна разновидност на бои и дрвени дезени.
• Отпорност на влага - имајте на ум дека сите кујни од иверка се препорачуваат за простории со помала влажност. Ако вашата соба има над 60% влажност, подобро е вашата кујна да биде изработена од медијапан.
• Пониска цена. Можеби ви останал впечатокот дека кујните од иверка значат „понеквалитетни кујни поради ниската цена“? Напротив! Кујните од иверка се поевтини поради тоа што материјалот е поефтин бидејќи е полесен за работа и не се обработува, квалитетот на вашата кујна не ја одредува само иверката, квалитетот најмногу го одредуваат и механизмите што ќе ги одберете. Ова значи дека ќе ја добиете вашата кујна од соништата по многу разумна цена.

Современата иверка нема никаква врска со "нејзините претходници", на кои краевите им се распаѓаа, бидејќи технологијата на производство на иверка е подобрена. Денешната иверка е производ на топлинско притискање (пресување) на три вида дрвени чипови (лушпи) под висок притисок.

Современите дрвени декори имаат јачина, водоотпорност и лесна обработка. Веќе постојат и иверки кои се докажани дека облогата потешко влијае на гребнатини, температура, отисоци и д.р.

Дизајнот на кујната во голема мера зависи од бојата и текстурата на вратите (челата) и на елементите. До денес, постојат стотици илјади опции за дизајн на иверка: мат и сјајни, текстурирани и целосно мазни, голем избор на бои и нијанси.

Што вклучува понудата на Дуос Мебел кога станува збор за изработка на кујни по нарачка?

Тимот на Дуос Мебел вклучува дизајнери и столари со догогодишно професионално искуство. Тие ќе ги земат во предвид вашите желби, како и можностите што им ги дава просторијата. Тие оптимално ќе го искористат просторот за да имате удобна кујна во која ќе готвите со задоволство.

Што конкретно може да ви понудиме?

• Дизајн на целокупниот изглед на кујната, како и нејзините одделни делови.
• Производство на мебелот.
• Испорака и инсталација.
За кои случаи се погодни класичните кујни

Современиот кујнски мебел е стилски, елегантен и функционален, но ништо не може да ја замени топлината и сјајот на кујната во ретро стил. Ако сакате класичен мебел и додатоци, знаете за што зборуваме.

Класичните / Ретро кујни се погодни за:

• вили;
• летни куќи за гости кои нудат романтични одмори за семејства и парови;
• ресторани со летна градина и летна кујна.
• домови опремени во класичен стил.

Кујната треба да биде практична, удобна и лесно да се одржува.Нашите класични кујни ја комбинираат елеганцијата и романтиката на класичниот стил со функционалноста и придобивките на модерните кујни.

Разговараме со вас за дознаеме што точно ви треба, го прегледуваме просторот и потоа одлучуваме како да пристапиме кон дизајнирање на кујната.

Интересен предизвик се и класичните кујни за мали простори, што нашиот тим го прави одлично. Дури и ако имате само кујна за голема просторија, можеме да ја претвориме во пријатно и топло место, што потсетува на кујната на вашата сакана баба, но ќе биде многу пофункционална и по модернизирана во поглед на функционалноста.

Што вклучува понудата на Дуос Мебел кога станува збор за изработка на кујни по нарачка?

Тимот на Дуос Мебел вклучува дизајнери и столари со догогодишно професионално искуство. Тие ќе ги земат во предвид вашите желби, како и можностите што им ги дава просторијата. Тие оптимално ќе го искористат просторот за да имате удобна кујна во која ќе готвите со задоволство.

Што конкретно може да ви понудиме?

• Дизајн на целокупниот изглед на кујната, како и нејзините одделни делови.
• Производство на мебелот.
• Испорака и инсталација.
Заоблени кујни по нарачка - Уникатни, Удобни, Убави

Овој вид кујна е сè уште реткост за Македонија.

Изработка на заоблени кујни по нарачка е вистински предизвик за нашиот тим и со тоа се справуваме со задоволство и професионалност

… Нивната елеганција и убавина дефинитивно ќе ве фасцинираат - би сакале да ве запознаеме со некои од нивните предности:

• Оптимално искористување на просторот. Точно е дека сите обични кујни можат да се пофалат со оваа предност, но заоблените можат подобро да го искористат не само просторот по sидовите, туку и средината на собата како и чошевите од кујната.
• Погодност. Со нив многу лесно може да се создадат различни области во една просторија, како и агли за разни активности.
• Безбедност. Мебелот нема остри рабови, островите - работните плочи - имаат убава овална форма, вратите од кујната исто така. Ако имате мали деца или планирате да ги имате наскоро, заоблена кујна направена по нарачка е совршено решение за вас.
• Елеганција, удобност, спокој. Мебел изработен во заоблена форма дава дополнителна мекост и пријатност на просторијата. Вашата кујна изгледа уникатно и истовремено топло и пријатно. Заоблените кујни се особено погодни за луѓе со холерична природа или со премногу енергија, бидејќи нивните меки форми и линии имаат смирувачки ефект.

Ние работиме со најдобрите производители на МДФ панели и опрема за мебел во светот. Во нашиот каталог има голем избор на бои за МДФ. Сигурни сме дека ќе ја најдете најсоодветната комбинација на бои за вашата кујна. Ви стоиме на располагање за консултации и совети.

Нашата цел е да дизајнираме и произведуваме функционален и убав мебел за вас. Да креирате кујна во која ќе готвите со задоволство и која ќе стане омилено место на целото семејство.

Што вклучува понудата на Дуос Мебел кога станува збор за изработка на кујни по нарачка?

Тимот на Дуос Мебел вклучува дизајнери и столари со догогодишно професионално искуство. Тие ќе ги земат во предвид вашите желби, како и можностите што им ги дава просторијата. Тие оптимално ќе го искористат просторот за да имате удобна кујна во која ќе готвите со задоволство.

Што конкретно може да ви понудиме?

• Дизајн на целокупниот изглед на кујната, како и нејзините одделни делови.
• Производство на мебелот.
• Испорака и инсталација.

Дали сте спремни за промена?

Вие имате визија за вашиот простор, ние знаеме како да ја реализираме.
apartmentenvelopephone-handsetclockmenu