Видое Смилевски - Бато б.б, Тетово

Што треба да имате на ум кога купувате мебел за детска соба

Детската соба не е само простор каде што детето спие.
Тоа е простор каде што децата поминуваат многу од своето време, тоа е нивно приватно засолниште и скривалиште, место за учење, фантазирање, играње и релаксирање… и што е најважно - тоа е просторија за спиење.

Само затоа што сте свесни за сето ова, сакате на децата да им направите просторија во која ќе обожаваат да го поминуваат времето. Да се одбере мебел за детска соба може да биде многу предизвикувачки.

Затоа, без оглед на сите други фактори кога станува збор за опремување на детска соба, ќе ви претставиме неколку точки кои се клучни при одбирање на мебелот.



1. Купете мебел со стандардна големина

Да се ​​купи мебел со стандардна големина е добра идеја поради неколку причини.

Првата причина е тоа што на овој начин ќе знаете дека вашето дете нема да ги надрасне креветот или работната маса и столот за неколку години, и така ќе заштедите пари на подолг рок.

Знаеме дека нестандардните парчиња мебел се секогаш многу симпатични, дека е многу убаво може да се изведат мали детали како вид на декорација на мебелот, но верувајте ни, многу попрактично е да купите или да направите мебел со стандардни димензии (големина), особено затоа што многу добро знаете дека дефинитивно ќе промените некои детали во собата како што детето расте и неговиот сензибилитет се менува.

2. Избегнувајте тематски мебел

Денес, повеќето салони за мебел имаат брендиран мебел. На пример, кревети со ликовите на Дора, Автомобили, Супермен и други херои отпечатени на главата од креветот, или принцеза на конструкција на креветот, да не спомнуваме кревети во форма на автомобил - идеја за која мислите дека е одлична, и секако дека е во одреден момент, но не заборавете дека вашето дете ќе ги замени нивните моментално омилени ликови или ТВ-програми со други во рок од неколку години, и не само што претходните нема да му бидат интересни, туку тие ќе сакаат и некои други.

И тогаш повторно, ќе мора да направите непотребни трошоци. Ова, се разбира, не значи дека треба од детската соба да направите безличен простор, но ако се држите до омилените бои на вашето дете да ги искористите на ѕидовите, или пак да ставите налепници (стикери) со нивните омилени ликови, тепих или прекривка со ликови од омилените бајки или цртани филмови, верувајте ќе имате двојна придобивка: вашето дете ќе ужива во присуство на неговите херои во неговата соба, а вие ќе заштедите пари.

3. Подигнат кревет за малите простории

Ако просторијата во која вашето дете спие и поминува време е мала, тогаш подигнатиот кревет е вистинското решение.

Под креветот можете да направите простор за игра, денес или утре кога детето ќе порасне ставете биро, во меѓувреме направете комода за чување облека. Подоцна, истиот тој простор може да послужи и како зона за релаксација каде што можете да ставите мрзлива торба или што и да одлучи вашето дете кога ке порасне.

4. Безбедноста на прво место

Мудро и без брзање изберете го мебелот.

Осигурајте се дека мебелот има механизми и шарки на бавно затворање, обрнете внимание на рабовите на мебелот и нивната острина, проверете дали фиоките и шкафовите се прицврстени за ѕидот, бидејќи несреќа се случува само еднаш.

Се разбира, ако одлучите да направите мебел, грижата за безбедноста ќе можете да им ја препуштите на нашите експерти, а вашата задача ќе биде само да кажете каков мебел сакате.

Сподели ја објавата
Слични Објави
Остави Коментар

Дали сте спремни за промена?

Вие имате визија за вашиот простор, ние знаеме како да ја реализираме.
apartmentenvelopephone-handsetclockmenu