Видое Смилевски - Бато б.б, Тетово

Упатства за Користење

Кујната го започнува својот живот по инсталацијата/монтажата. Нејзината добра состојба и функционалност зависат од начинот на работа и одржување. Кујните од Дуос Мебел се произведени претежно за домашна употреба и се направени да ви служат беспрекорно многу години. Советите што ви ги даваме за работење и одржување се превентивна мерка и асистент во случај на потреба. Различни фактори како што се: вода, влажност, пареа, сонце, топлина, студ, масти, киселини, храна, пијалоци, средства за чистење, абразиви, кујнски прибор, уреди, човечка неберижност, доведуваат до различни степени на дефекти, понекогаш можат да предизвикаат и непоправлива штета.

1. Да се грижите за кујната кога ќе завршите со работа со сушење и чистење на работното место. Ако треба да ги сумираме сите упатства во една основна, тоа е тоа!

2. Кога е премногу влажно и "затнато" во кујнската област да се вентилира, па дури и во зима.

3. Кога влажноста останува висока за подолг временски период  (типично за нови домови), користете прочистувач или фен за воздух / нормална влажност е 40% до 60%

4. Кога ќе забележите влага на ѕидовите или таванот во областа на кујната (особено во новите домови) најпрво треба да откриете дали проблемот доаѓа од сосед или пак од кај вас. Второ да утврдите дали има протекнување на некоја водоводна цевка или пак е некоја друга причина. Трето, доколку проблемот е посериозен веднаш да ни јавите во Дуос Мебел за да пратиме екипа да ја демонтира кујната.

5. Кога го чистите мијалникот, го правите тоа повнимателно, а не како во бања. Не дозволувајте никаква блиска површина, раб или состав да "плови" во вода.

6. Кога ќе завршите со миење, задолжително исушете ја работната плоча (плотната), ѕидните плочи/плочки и составите.

7. Кога ќе почувствувате непријатен мирис од сифонот од мијалникот, ставете детергент. Ако во одреден момент веќе не помага, време е да ги расклопите и исчистите самиот сифон и неговите состави, но пред да почнете со демонтажа задолжително ставете кофа бидејќи сифонот ќе ја испушти водата што ја има зачувано во самото црево.

8. Кога ќе забележите дека сифонот од мијалникот пропушта вода прво запрете ја славината (чешмата), исушете го просторот каде што испуштил сифонот вода и потоа веднаш јавете се на водоинсталатер за истиот проблемот.

9. Кога забележуваме дека од цревата од машината за садови, или под самата машина излегува/има вода, веднаш исклучете ја машината, исушете ја површината каде што има вода и веднаш јавете се на водоинсталатер.

10. Кога готвите задолжително вклучете го аспираторот, отворете прозор или врата од балкон.

11. Кога користите шпорет на гас (плин), прво ставете ја тавата потоа запалите го горилникот, и на крај секако пуштете го аспираторот.

12. Кога аспираторот ќе започне да прави повеќе бучава од вообичаеното или да го намали повлекувањето, измијте ги филтрите со топла вода и/или детергент и оставете ги да се исушат пред да ги вратите назад.

13. Кога ќе завршите со користење на фурната, задолжително избришете ги работиве на вратите и самата врата доколку се има формирано контензација.

14. Кога отстранувате жешка тава, не оставајте ја дирекно на работната плоча, задолжително ставете ја на дрвена или жичана "решетка" / подлога.

15. При чистење на било која површина од кујната, користете мека и малку влажна крпа со воден раствор на течен сапун или соодветен детергент (не користете тврди предмети или абразии)

16. Кога е суво, покрај мека сува крпа може да користитеи и мека кујнска хартија (т.н. брисач)

17. Кога се прскаат вратите со маснотии при готвење, задолжително исчистете ги веднаш по готвењето.

18. Кога прскате/чистите врати или други површини со киселински (ацидни) материи, треба веднаш да се исчистат со влажна крпа (неколку пати) и потоа да се исушат.

19. Кога ќе ви се истури течност на работната плоча или било која друга површина, задолжително исушете ја по завршување на готвењето.

20. Кога прскате корозивна супстанца или киселинска течност на работната површина, веднаш измијте ја со влажна крпа (неколку пати) а потоа исушете ја.

21. Кога ќе ви се истури течност или боја од некој прозивод на работната плоча, запомнете дека е подобро побрзо да се исчисти и исуши работната плоча. Свежите дамки многу полесно се отстрануваат и не оставаат флеки.

22. Кога готвите дел од пареата се контензира околу аспираторот, на рабовите и страните, рабовите на вратите и составот на ѕидниот панел (стакло/плочки). Исчистете ги за време на готвењето и вклучете го аспираторот на соодветен (или максимален) степен на работење.

23. Кога користите не-вградлива бела техника како фрижидер, електричен котел, тостер или слични уреди што испуштаат голема количина на пареа при работа, не ги ставајте под суспендирани елементи (висечки елементи). Соодветна локација на плоча за готвење е под аспиратор или до прозор.

24. Кога сечете, задолжително користете "даска" за сечење, не сечете на самата работна плоча бидејќи може да се оштети.

25. Кога механизмот или фиоката почнуваат да вадат некарактеристичен звук, најверојатно фиоката е преоптоварена или товарот е концентриран на едниот крај/страна од фиоката. Отстранете неколку артикли и преуредете ја фиоката.

26. Кога забележувате дека внатрешните полици се свиткани, може да ги ротирате за 180 степени со тоа што долниот (искривениот) дел ќе дојде горе при ротирање. Ова не е неопходно бидејќи тие не можат да паднат/да се скршат и покрај тоа што се свиткани. Со оглед на безбедносниот фактор, товарот на полиците се сведува на максимум 18кг за елемент со стандардни димензи од 80 х 80 х 30 цм со 2 средни полици.

27. Кога сакате внатрешно да ги исчистите елементите, вратите лесно можат да излезат бидејќи кујните на Дуос мебел користат шарки на "клип" систем. Прво се отпушта долната шарка потоа горната, кога се монтираат се оди по обратен редослед, прво се зацврстува долната шарка потоа горната.

28. Кога сакате да ја исчистите внатрешноста на фиоките или зад нив, доколку фиоката е со стандарден клизач само влечете накај вас и кога фиоката ќе дојде до крај, ја подигнувате и извлекувате. Доколку фиоките се Tandem/TandemBox/Metabox треба да ја повлечете, пред да ја кренете фиоката треба да го притиснете осигурувачот кој се наоѓа на почетокот на клизачот под самата фиока, одкако ке го "одклучите" клизачот само треба да ја подигнете и повлечете фиоката. Вметнувањето на фиоките е спротивно.

29. Кога кујната е изработена од материјали со темни декори и сјајни површини, да не заборавиме дека гребнатинки и дамки се појавуваат/познаваат повеќе одколку на светли декори.

30. Кога сакате да ги исчистите елементите изработени од оплеменета иверка, користете мека влажна крпа во комбинација со средство за чистење стакло.

Невозможно е да се опишат сите ситуации што можат да се појават во кујната, затоа доколку не најдовте одговор, се двоумете или не знаете како да се справите со одреден проблем, само јавете се во Дуос Мебел.

УПАТСТВА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА КОМПОНЕНТИТЕ

РАБОТНИ ПЛОЧИ (ПЛОТНИ) СО ХПЛ ФОЛИЈА:  Kaindl Fence, Resopal, Egger, Kronospan, Fenix, Kastamonu

Нема некои посебни барања за одржување на работни плочи со HPL фолија. Тие не се полирани или импрегнирани. Одржувањето се сведува на редовно чистење. Во повеќето случаи користење на влажна крпа со течен сапун е доволна за да се отстрани нечистотијата.

1. Светла / нежна дамка - исчистете со сува или влажна мека крпа или кујнска хартија.

2. Стандардна дамка - дамките од кафе, вино, маснотии и др. се чистат со мека влажна крпа во воден раствор од сапун, детергент за перење или детергент за миење садови.

3. Исушени / Тврдокорни флеки - исушените дамки од лепак, боја, маркер, тонер и т.н се чистат со поцврста (текстилна) навлажнета крпа во воден раствор на детергент за перење, органски растворувач или алкохол.

Внимание

Следете ги горенаведените упатства - не ставајте топли садови дирекно врз работната плоча, не сечете дирекно на неа, не дозволувајте составите помеѓу работната плоча и завршните рабови да бидат водени, особено во пределот на мијалникот, над и од страните на машината за миење садови.

Врати од Дрво

Грижата за вратите од дрво се состои од обезбедување нормална клима во кујната и по желба за добар изглед - полирање еднаш годишно со средство за полирање мебел, на пример Пронто.

Рачно полирање со квалитетно средство за полирање, го подобрува сјајот и ја штити облогата. Прочитајте го упатството на пакувањето пред употреба, пробајте го на незабележливо место, не притискајте или опирајте прејако. Користете мек памук / чиста крпа.

Чистењето на вратата пред полирањето е задолжително.

За чистење на стаклените површини постојат и средства за чистење и одмастување на стакло разредени со детергент засновани на вода и алкохол, или пак користете влажна крпа со високо разредена течна сапуница.

Движењето е во насока на часовникот, така ги чистите дури и најмалите пори. После чистењето исушете ја врата колку што е потрбено.

Внимание

Не користете тврда / груба крпа, сунѓер или абразиви. Несоодветни производи за чистење вклучуваат: ацетон, амонијак и соединенија од хлор и киселини. Зголемена и пролонгирана влажност во новите домови, изложеност на висока температура и сончева светлина го намалува и оштетува лакот/бојата на вратите. Појавата на гребнатинки како резултат на работа во кујната е нормална.

Повеќе Информации

Дрвото е природен жив материјал. Корисно е да се знае и почитува неговиот карактер. Пред производство на вратите дрвото е подложено на низа процеси на сушење со цел да се постигне одредена влажност. Најважна работа за целиот производствен циклус на вратата е тоа што постигнатата влажност не се менува / зголемува / до и за време на завршниот процес - лакирањето. По овој третман, вратите и додатоците изработени од дрво издржуваат температури од 5 до 35 степени и влажност од 50% до 70% - типични вредности за домашни услови. Кујнските врате на Дуос Мебел се изработени од даб, јасен или цреша, изработени се со машински пори, исклучително убава завршница и загарантиран квалитет.

Врати со полиуретански лак - сјај

Нема посебни барања за одржување на лакирани врати. Лакираните врати се лесни за чистење, видејќи самата врата е мазна, релативно цврста и комплетно излеана т.е без прекин помечѓу површината и рабовите. Сјајот на облогата е 100% сјај со ефект на огледало. 

Нечистотиите се отстрануваат со воден раствор на течен сапун или средство за чистење прозори при што треба да користите мека памучна крпа.

Внимание

Не користете тврда крпа (груба крпа), сунѓер или абразиви. Несоодветни производи за чистење вклучуваат: ацетон, амонијак и соединанија на хлор или киселина. Не изложувајте ги вратите на дирекна сончева светлина и топлина.

Повеќе Информации

Бојата на облогата се менува малку со текот на годините. Појавата на траги од гребење и слабеење на сјајниот ефект како резултат на работа во кујната е нормална. Со машинско или рачно полирање, сјајот на облогата се обновува и гребнатинките изчезнуваат. Паста за полирање со користи за оваа намена. Се препорачува тој процес да се направи од страна Дуос Мебел.

Врати од оплемента иверка со кант трака

Нема посебни барања за одржување на овие врати. Тие не се полирани и импрегнирани. Тие имаат мазна или груба структура што се чисти на лесен начин. Нечистотиите се отстрануваат со воден раствор на течен сапун или средства за чистење на стакло. Користете мека памучна крпа. Задолжително исушете ја вратата после чистењето.

Внимание

Не користете тврда крпа (груба крпа), сунѓер или абрезии. Несоодветни производи за чистење вклучуваат: ацетон, амонијак и соединенија на хлор и киселина. Не изложувајте на дирекна сончева светлина и топлина. Зголемената и пролонгирана влажност во новите домови, појаките топли бранови од рерната, машината за миење садови и други уреди може да доведат до лупење на работ (кант траката), оток на иверката и обезбојување на самата врата. Појавата на гребаници како резултат на работата во кујна е нормална. За жал иверката не може да се корегира/обнови и вратата мора да се замени.

Повеќе Информации

Дебелината на иверката се мери во грамови во метар квадратен ( гр / м2 ) и е различна за секој производител на табли од иверки. Облогата со груба (рапава) структура и дрвен декор е поцврста во споредба со мазната структура и монохроматскиот декор. Отпорноста на абење е помала од ХПЛ фолијата која се користи на работните плочи, така што материјалот главно се користи за врати и конструкција на елементи, а не како работна површина. АБС кант траката е поцврста во споредба со ПВЦ кант траката. Вратите од иверка се ранливи на рабовите, во областа каде што се нанесува кант траката. Во фабрички услови, работ (кант тарката) се залепува на над 200 степени (температура на лепило). Кога се користи дома, доволно е да се изложи на 80 степени на 1-2 минути за да се одлепи. Секоја течност што паѓа на работ на вратата / површината изработена од иверка, доколку веднаш не се избрише може да доведе до отечување (надувување) на материјалот (без оглед на квалитетот на лепилото и траката). Бојата на фолијата на иверката се менува малку со текот на годините.

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

Исклучете го уредот од струја при чистење на истиот. Исклучете го осигурувачот од кујната или главниот осигурувач кога го оставате домот "празен" / без надзор или кога има мали деца во собата а вие не сте тука. Не приклучувајте ги кујнските апарати (тостер, кафемат, миксер и т.н.) со влажни раце. Затворете ги завртките од гасот особено ако е во кујната по завршување на готвење. Запомнете дека кога палите плоча на гас (плин), доколку нема тава ставено а аспираторот е вклучен може да предизвикате пожар.

Дали сте спремни за промена?

Вие имате визија за вашиот простор, ние знаеме како да ја реализираме.
apartmentenvelopephone-handsetclockmenu