Видое Смилевски - Бато б.б, Тетово

КОРПУС И ЛИЦЕ

Корпус - Корпусот претежно се изработува од оплеменета иверка со дебелина од 16мм или 18 мм по ваш избор. Водечки компании во производство на оплеменети иверки - Кроношпан, Егер, Кастамону и други. Ние рабуваме со АБС-рабови (кант траки) со дебелина 0,5 мм, 1мм, 2мм. Корпусот претежно го кантираме со АБС трака од 1мм но може да се искантира и со 0.5мм. Дебелина на траки: 0,5мм, 1мм, и 2мм.

Лице - Лицето може да биде изработено од различни материјали, најчесто користени се: Оплеменета Иверка, Медијапан АГТ Панел, Медијапан Фарбан, Дрво.
Доколку лицето е изработено од Оплеменета Иверка или Медијапан АГТ Панел, се кантира со АБС кант трака од 2мм.

Оплеменета Иверка

Оплеменетите иверки двострано се обложени со декоративна фолија и достапни се во повеќе стуктури и дезени, голем избор на уни, дрвни и фантазиски декори, како и повеќе дебелини (8мм, 16мм, 18мм, 25мм, 38мм).

Медијапан

Медијапанот се карактеризира со мазна површина, висока јачина и висок степен на отпорност на влага. Неговата геометрија овозможува секакво обравотување, на пример: сечење, мелење, превиткување, сликање и др. и затоа може да биде убаво обликувана за предниот дел од вашиот мебел.

Освен суровиот медијапан (за фарбање) исто така постојат уште 2 вида на медијапани: Медијапан Панел и Медијапан Фурнир (или Фурниран Медијапан).

Медијапан Панел - МДФ Панелот е суров медијапан кој е оплеменет со декоративна фолија исто како оплемената иверка, истиот одкако ќе се исече мора да се кантира, за разлика од медијапанот за фарбање на кој не му е потребна кант трака. (Панелниот Медијапан не може да се обработува)

Медијапан Фурнир - Фурнираниот Медијапан е медијапан кој е исто така обложен со фолија, но фолијата е таканаречена "тенкорезно дрво" која се добива преку лупење на дрвото и обично е потенка од 3мм. Фурнираниот медијапан претежно се користи како замена за дрво, најчесто поради економски причини.

Дрво

Дрво - Достапни се различни видови цврсто/масивно дрво - даб, бука, јавор и т.н. Различен изглед (модерен, класичен, модерен-класик и т.н.), Дрвото може да биде подложено на истиот третман како МДФ, а потоа да се обои во бои по желба на клиентот.

КОРПУС

ИВЕРКА ВРАТИ СО КАНТ

МДФ ВРАТИ

ДРВЕНИ ВРАТИ

ФИОКИ (ЛИЗГАЧИ)

Користењето фиоки при уредување на вашите работи дома останува најмодерниот, удобен и ергономски начин на дистрибуција. На овој начин, нема да мора да се превиткувате и да барате нешто на задниот дел од полицата/елементот. Со ергономски механизми, можете лесно да извлечете фиоки и сè ќе ви биде на дофат пред вас.

Нудиме фиоки за конструкција од оплеменета иверка како и комплетно метални фиоки.

ВОДИЛКИ (Стандарди Лизгачи)

Стандардните, класични и најповолни лизгачи за фиоки со должина од 2500мм до 600мм се достапни во две бои: бела и сива. Лизгачите се наменети за конструкција од иверка на кои што подот од фиоката е лесонит за разлика од сите други подолу наведени на кои подот е иверка. При што самата иверка придонесува за поголема издржливост и флексибилност.

METABOX

Фиоките METABOX се состојат од мал број структурни елементи, но тие помагаат ефикасно да се спроведат огромен број апликации во кујната, бањата или плакарот. METABOX е дури и погоден за опрема за продавници. Робусните материјали и внимателното изработување гарантираат одлична стабилност, со максимално динамично оптоварување од 15 кг. За овие фиоки не е потребно да се изработи конструкција од иверка бидејќи целата фиока е метална, освен подот. Подот на фиоката може да биде иверка или лесонит.

TANDEM

ТАНДЕМ е скриен систем на водилки (клизачи) за фиоки изработени од иверка. Тандем системот има неподвижни плочи за поголема удобност при лизгањето. Делумно и целосно отварање на фиоката со минимална должина од 250 до 750 мм. Механизам за заклучување и техника на заклучување. Капацитет на динамичко оптоварување од 30 кг и 50 кг, странична стабилизација но и подесувања (штел) како опција.

TANDEMBOX

TANDEMBOX - докажаниот и светски најкористен систем за фиоки со метални страни, нуди разновидност на опции за дизајн како надворешно така и внатрешно во фиоката. Повторно докажаните водилки на TANDEMBOX се сигурни благодарение на нивното непречено работење. Деликатното и тивко затворање за кое се грижи BLUMOTION. Товар од 30, 50 или 65 кг.

НОГАРКИ

Ногарките го оддалечуваат мебелот од подот, заштитувачи го од вода и нечистотија, но исто така помагаат да се израмни (наштелува) мебелот. Ногарките на кујнските елементи се пластични во различни бои, со широка пета и носивост до 145 кг од ногарка.

Тие се користат за прецизно израмнување на долниот ред на кујнските елементи, и се со висина од 100мм до 150мм.

Истите можат да се користат и при производство на гардеробери, но исто така може да се користат и метални ногарки за гардеробери со висина од 60мм до 80мм. Постојат и декоративни ногарки со различен изглед, погодни за било кој стил на мебел.

ШАРКИ

Нудиме стандардни шарки со различно превиткување на самите, како и шарки на водечки компании во производството на оков (механизми) за мебел.

Секогаш користиме шарки со "клип" систем, кои можат да се демонтираат и монтираат многу лесно со само еден клик, а исто така лесно прилагодливи во сите насоки на израмнување во рамките на +3мм -2мм.

Без разлика на каков тип на мебел треба да произведеме, секогаш користиме шарки со таканаречено "меко затварање"

РАБОТНИ ПЛОЧИ

Нудиме голем избор на работни плочи изработени од различни материјали како и дезени / бои.

Работната плоча може да биде од: Ламинирана Работна Плоча, Гранит, Масивно Дрво, Кварц и моментално најбараната и најмодернистичка ЛАМИНАМ.

Најчесто се користат работни плочи од честички од дрво попознати како "стандардна работна плоча" или "ламинирана работна плоча". Истата таа е изработена од честички од дрво, при што е обложена со специјална фолија, самата фолија (обвивка) може да биде сјајна, мат или врежана, исто така и со 3Д ефекти.

КУЈНСКИ МЕХАНИЗМИ И ДОДАТОЦИ

Механизмите во кујната се дизајнирани за поголема погодност, прецизен распоред и ергономско работење. Постојат механизми за долниот ред на кујнските елементи, како и за горниот.

Во крајна линија нудиме различни системи на механизми за влечење, корпи, шишиња, механизми за оптимално искористување на "слеп" агол во кујната со агол во форма Л, фиоки и врати со целосно повлекување и непречено затворање, разни додатоци за дистрибуција на кујнски прибор , садови и уреди.

За горниот ред, се нудат различни системи за отворање на вратите - хоризонтални или вертикални, дренажни садови, осветлени полици и непречено затворање на сите врати.

Целта на механизмите е да ви овозможат максимален пристап до сè што ви треба во секој момент.

ЦЕДИЛКИ ЗА ЧИНИИ И ЧАШИ

ОРГАНИЗАТОРИ ЗА ВИСОКИ ЕЛЕМЕНТИ

МЕХАНИЗМИ ТИП AVENTOS

ВАГОНЕТКИ

ВГРАДЕНИ КОРПИ ЗА ОТПАДОЦИ

МЕХАНИЗМИ ЗА ЌОШ ЕЛЕМЕНТИ

МЕХАНИЗМИ ЗА ГАРДЕРОБЕРИ

Нудиме најразлични системи за лизгачки врати од водечките компании во производството на механизми. Во однос на ергономијата, удобноста и видот, лизгачките плакари ги препорачуваат мнозинството.

За поголема погодност, постојат опции за непречено и тивко водење и затворање на вратите. Опции на долната и горната шина. За погодност во распределбата на облеката во гардероберот, има голем број додатоци и механизми - закачалки со механизам за влечење на панталони и кошули, метални корпи за облека, закачалки на извлекување, држачи за чевли, организатори на ремени (каишеви) и многу други додатоци и системи за ефикасно организирање на внатрешноста на гардероберот/плакарот.

ОСВЕТЛУВАЊЕ

Голем избор на светла што ја осветлуваат работната површина во кујната, скриено ЛЕД осветлување во вид на ЛЕД трака поставена под горните елементи за да ја осветлат работната површина на кујната, осветлени панели и полици, осветлување во елементите како и осветлување за во гардеробери кои придонесуваат за подобра видливост и помодерен изглед.

ВГРАДЕНИ ЕЛЕКТРО УРЕДИ (БЕЛА ТЕХНИКА)

Кога нарачувате кујни од Дуос Мебел имате две опции: сами да одберете вградна техника или ние да ви понудиме бела техника. Нудиме широк опсег на уреди од сите водечки брендови.

Доколку се одлучите сами да си ја набавите белата техника, ние од Дуос Мебел сме тука да ви помогнеме при изборот, но тука сме и за било какви консулатции доколку се потребни, кои се секако бесплатни.

Дали сте спремни за промена?

Вие имате визија за вашиот простор, ние знаеме како да ја реализираме.
apartmentenvelopephone-handsetclockmenu