Не постојат фиксни цени или фиксни модели на мебел кој го произведуваме бидејќи секое парче мебел се произведува засебно и различно од сите други, се произведува според спецификиции на купувачот, со други зборови, затоа што вие избирате се, а цената зависи од вашиот избор.
Што сакаме да кажеме со "вие избирате се"?
Без разлика дали станува збор за мебел за вашиот дом или вашиот деловен објект, вие бирате: модел на мебел што треба да се изработи, димензии, материјал, боја, работни површини, рачки, фитинзи, механизми, огледала, осветлување, украсни предмети и многу повеќе.
Сите горенаведени се фактори кои ја одредуваат цената. Затоа, цената се определува индивидуално во зависност од вашиот вкус, вашиот буџет и просторот што го имате.
- Остранете ја дамката со употреба на влажна, нелеплива мека крпа.
- Тврдите дамки, варовникот, дури и гребнатини од метален прибор за готвење можат да се отстраната со помош на препорачаните детергенти за чистење на производителот на уредот.
- Остатоци од изгорено најдобро се отстрануваат додека сеуште се жешки со помош на стругалка што ја добивате со самата плоча.
- Обрнете внимание на шеќер или храна што содржи шеќер (како мармалад или слатко) да не падне на самата плоча и над зоните за готвење. Отстранете ја оваа храна веднаш со влажна крпа.
- Обрнете посебно внимание на информациите доставени од производителите на апаратите за нивно користење и нега.
Осигурајте се дека ѕидот на кој треба да се монтираат горните елементи може да ја издржи тежината.
Никогаш не остранувајте ги шарките/механизмите за да ги исчистите.
Сите електрични уреди задолжително да се исклучат од струја пред чистење.
Работењето во кујната влучува користење многу вода, високи температури, пареа и влажност. Оставање на храна на површините може да доведе до појавување на тврдокорни дамки. Иако современите материјали од кои се произведува мебелот се отпорни на повеќе видови абење, постојат ограничувања на до кој степен на абење може да издржат во зависнот од произведителот на материјалот.
Затоа следете ги следниве општи упатства за чистење/одржување на вашиот мебел:
- Определете се за каков вид на површини ќе биде изработен вашиот мебел со тоа што ќе се консултирате со произведителот.
- Постојат повеќе видови на материјали достапни на пазарот со различни спецификации, изберете ги вистинските и следете ги упатствата за користење/чистење.
- Пред чистење, препорачуваме да извршите почетен тест на средството за чистење со тоа што ќе го нанесете на незабележително место на самата површина.
- Целиот мебел претежно може лесно да се исчисти со мека крпа или крпа направена од микро-фибер влакна.
- Користете само средства за чистење чии информации конкретно укажуваат дека тие се наменети за чистење на мебел и во повеќето случаи може да користите средство за чистење стакло.
- Никогаш не користете растворувачи и препарати што содржат неоргански растворувачи или алкохол (растворувачи на бои, нерастворен алкохол и т.н.)
- Скоро сите материјали кои се користат за производство на мебел можат сериозно да се оштетат при користење на средства за чистење кои содржат ацетон, амонијак, трихлоро етилен, белило, сода бикарбона, хлорободородна киселина.
- Без оглед на видот на површината од кој е направен мебелот, никогаш не користете груби хемикалии на нив, како што се абразиви и растворувачи. Прашкасти детергенти, жици или сунѓер за чистење прибор за готвење бидејќи тие може да ги оштетат површините до таков степен што е невозможно да се отстранат или поправат оштетувањата.
- Секогаш отстранувајте ги дамките што е можно побрзо. Свежите дамки се многу полесни за отстранување и може целосно да исчезнат. Никогаш не користете уред/средство што чисти под пареа.
- Во секоја активност или чистење, секогаш избришете ги сите површини додека не се исушат целосно. Чувајте ги сите површини суви во секое време. Дозволувањето вода или други течности да се соберат на нив може трајно да ги оштети!
- Истурената течност, кондензацијата или преостанатата влага можат да се соберат во свиоците на рачките или механизмите, веднаш отстранете ја влагата. Неуспехот да се стори тоа може да доведе до оток на материјалот иди деформација на механизмот. Штетата од овој вид нема да биде прифатена како основа за поплака.
- Сите материјали (крпи) за чистење треба да се исчистат и исплакнат пред и после употреба. Исплакнете ги средствата за чистење (крпите) неколку пати за да бидете сигурни дека нема остатоци од минерална прашина или метална прашина на нив бидејќи доколку има останто може да доведе од оштетување на површината. Поконкретно, може да доеде до мали, микроскопски траги кои се повеќе или помалку забележливи во зависност од количината на светлина што паѓа на тој дел од површината. Тие на никој начин не ја намалуваат практичната вредност. Производителот не е одговорен за вакви дефекти.
- Избегнувајте боење на површини со неизбришливи производи, не ставајте налепници особено на површини блиску топлина.
- Мебелот треба да биде поставен во простории со нормална клима. Ова се однесува на температурата и релативната влажност на просторијата. Влажноста на атмосферата во просториите мора да биде помеѓу 40% и 60%
- Мебелот кој е во затворен простор, без вентилација и со висока влажност (како што се домови за одмор, викендици и т.н) може да го оштети мебелот предизвикувајќи мувла, деформација и отекување на мебелот. Се препорачува периодична вентилација на просториите во случај на такви долготрајни периоди во кои просториите и мебелот не се користат.
- Многу е важно мебелот да не го изложувате на директна сончева светлина за да го одложите нормалниот процес на промена на бојата на површините.
- Секогаш вклучувајте го аспираторот за време на готвење, со тоа придонесувате до обработување на протокот на воздух и спречувате оштетување на горните елементи на кујната од влага ослободена за време на процесот на готвење.
- Никогаш не ставајте топол прибор, пегли, машини за кафе и други топли предмети/уреди дирекно на работната површина, бидејќи тоа може да предизвика непоправлива штета. Секогаш користете заштитна подога помеѓу работната површина и топлите предмети/уреди.
- Никогаш не оставајте запалени цигари на работната површина бидејќи тоа може да предизвика непоправлива штета. Секогаш користете пепелник!
Секогаш користете го мебелот правилно! Неправилна или несоодветна употреба на мебелот и електричните уреди може да резултира во лична повреда или до оштетување на имотот.
Следете ги следниве општи упатства за безбедност:
- Не вршете промени во мебелот и конструкцијата на мебелот, бидејќи тоа може да ја наруши нивната стабилност, не преоптоварувајте ги полиците во елементите.
- Не стапнувајте или не седете на работните површини на кујната. Никогаш не оставајте деца без надзор во кујната.
- Редовно проверувајте ја кондензацијата на фрижидерот, машината за садови, микровалната печка и фурната.
- Дозволете само електричари и водоводџии да ги поврзат уредите.
- Не "висете" на елементите кои се монтирани на ѕид. Преголемото оптеретување може да ги откачи од самиот ѕид и да доведе до лична повреда и оштетување на имотот.