Видое Смилевски - Бато б.б, Тетово

Монтирање на мебелот

Прецизно монтирање е круна на нашата работа, да направиме сè да изгледа совршено!

Транспорт

По завршувањето на производството на мебел, ќе ве контактираме за да ги договориме деталите за транспортот и инсталацијата. Мебелот го транспортираме професионално и не оставаме најмала можност за оштетување при транспортот.

Прецизна Монтажа

За време на процесот на монтирање, нашата цел е секогаш да го вклопиме нашиот производ апсолутно совршено во вашиот простор и да бидеме задоволни ние, а и вие од крајниот резултат. Бидејќи на процесот на монтирање му претходи детално мерење, 3Д дизајн и прецизна изработка кои гарантираат 100% прецизност на монтажата.

Време потребно за монтирање

За време на монтирањето не постои зборот брзање кај нас. Просечното времетраење на монтирање на кујната, врз основа на досегашното искуство, трае еден цел работен ден, а во некои случаи и до два дена. Кога станува збор за поголеми или покомплицирани кујни, монтирањето може да трае до три или четири работни дена.

Монтирањето на лизгачки плакари трае неколку часа, а во некои случаи и до цел работен ден. Истите правила се применуваат како во случајот со кујните, кога станува збор за поинтензивни плакари.

Времетраењето на монтирање исто така е под големо влијание од површината на просторот во кој е поставен мебелот (колку е помал просторот, толку е побавен процесот).

Чистење после монтажата

Можеме да кажеме дека монтажата е завршена само откако ќе се отстранат сите "нечистотии" и просторот во кој е извршена монтажата е усисан и исчистен. Кујната или другиот вид на мебел е подготвен за употреба веднаш по монтажата.

Дополнителни прашања

Доколку имате било какви сомневања или прашања, слободно може да не контактирате.

Дали сте спремни за промена?

Вие имате визија за вашиот простор, ние знаеме како да ја реализираме.
apartmentenvelopephone-handsetclockmenu