Видое Смилевски - Бато б.б, Тетово

Работен Процес

Почитувани Клиенти,
Дуос Мебел НЕ нуди готов мебел.
Целиот мебел наведен во категориите на нашата страница или на нашите социјални медиуми е направен според барања на клиентите и според просторот на клиентите, т.е според спецификации одредени од клиентите.
Во нашиот изложбен салон во Тетово ќе најдете само примери на мебел во различен стил и различни механизми.
Времето на производство е 30 до 60 дена од датумот на примање на капар, времето на изработка исто така може да се прилагоди според сложеноста и обемот на вашиот мебел/проект.
01

Побарување понуда

Најпрво треба да формираме орентациона цена за мебелот што сакате да ви биде изработен, или цена за целокупно опремување на вашиот простор. Испратете барање за понуда преку формуларот на нашата страница. За оваа цел, потребни ни се севкупните димензии на просторијата или мебелот што сакате да биде произведен. Доколку имате нешто нејасно во врска со овој чекор, слободно може да не исконтактирате и на телефон.

Добивање на понудата

Во рок од 3 до 5 работни дена, во зависност од обемот на побарувачката ќе добиете орентациона понуда, ќе бидете известени преку СМС порака или преку телефонски позив на телефонскиот број за контакт што сте го навеле во формуларот за барање понуда.
02
03

Одобрување на понудата

Не контактирате за да не известите дека понудата е прифатена, одкако ќе не известите ќе бидете контактирани за следните чекори.

Димензии

Ќе ве контактираме да закажеме термин за земање прецизни димензии. Нашиот технички тим ќе дојде на терен за да ги одредиме точните димензии на просториите, како и сите позиции (струја, вода и т.н.) што се потребни за проектот.
04
05

Презентација на концептуален дизајн - Работни состаноци со вас

Откако ќе се земат мерките (димензиите), ние подготвуваме цртежи со концептуален распоред на вашиот дом и ве контактираме за состанок. Дизајнерите ќе ви го претстават вашиот дом преку нивниот изглед како распоред и комбинацијата на бои. Вие треба да ги одберете материјалите и механизмите најпогодни за вашиот проект.

Презентација на 3Д проект и одобрување

Според избраните материјали и бои на нашата прва средба, ќе го визуелизираме вашиот проект/мебел на компјутер. Прегледувањето е бавен процес и е потребно време да се види како би изгледал вашиот дом. Ако нешто не ви се допаѓа, може да се корегира, но само еднаш по оваа средба можеме да ги направиме конечните измени. Ако имате време, може да подготвиме нов 3Д проект, но со истиот временски рок од 10 работни дена.
06
07

Завршен состанок пред производство - Аванс 60%

Пред оваа средба со вас, ние однапред ќе ви испратиме е-пошта со сите димензии и моделите на мебелот за вашиот дом за да може да ги разгледате дома. Потоа ве очекуваме на последниот состанок во нашиот изложбен салон за одобрување на проектот и плаќање 60% аванс (капар) од наведената сума во вашата последна понуда.

Испорака на мебелот - Уплата од 40% пред монтажата

Дуос Мебел го известува клиентот 2 до 5 дена пред датумот на испорака на мебелот (монтажата). До тогаш, треба да го платите крајниот износ од 40% од вашата понуда. Во одредени случаи клиентот треба да ни помогне во пристапот и растоварањето на неговиот мебел. Клиентот е секогаш должен да обезбеди паркинг. Во случај на одложени поправки или клиентот не е подготвен за монтирање на неговиот мебел, тој или таа мора навремено да не известат за одложување на монтажата.
08
09

Инсталација и прием на мебелот (монтирање)

Последната фаза, инсталација / монтирање на порачаниот мебел. Инсталацијата се изведува во различни временски периоди во зависност од обемот на вашиот проект/мебел.

Дали сте спремни за промена?

Вие имате визија за вашиот простор, ние знаеме како да ја реализираме.
apartmentenvelopephone-handsetclockmenu