Видое Смилевски - Бато б.б, Тетово

4 работи што треба да ги знаете за вашиот дом пред да контактирате со дизајнер

Кога започнуваме да го уредуваме просторот за живеење, нашата прва реакција е ентузијазам и воодушевување. Па, тогаш, некои од нас, копаат малку подлабоко во задачата, доаѓаат до момент каде што имаат толку многу "материјал собрано" што не знаат како да продолжат или за што да се одлучат… Одкако ќе изгубат многу време и заглават, контактираат со професионалец и сè станува полесно. Друга група на луѓе го прескокнуваат моментот на "Фаќање за глава" и веднаш контактираат со дизајнерот затоа што знаат дека ќе биде полесно, побрзо и попродуктивно.

Во која група и да припаѓате, пред да направите нешто, добро е да ги знаете одговорите на следниве прашања:

1. Кој е мојот достапен простор?

Како прво, многу е важно да земете предвид колку простор имате на располагање за уредување. Големината на секоја соба е важна, како и потребата сè да биде избалансирано при изборот на мебел, за да не стане гужва.

На пример, ако планирате да организирате многу мал простор во кој ќе поминете многу време, подобро е да размислувате за едноставен и привлечен мебел. Дизајнерите дефинитивно ќе ви го предложат, но подгответе се за идејата. Да не дојде до некои разочарувања кога ќе сфатите дека сликите во вашата глава не одговараат на можностите на просторот 🙂

2. Колку светлина има мојот дом?

Светлината е важна, ние тоа ви го потенциравме милион пати. Затоа е важно за вас самите да процените колку светлина има во вашиот дом. Од тоа ќе зависи какви бои на мебел ќе имате на располагање, како и каков текстил ќе изберете кога ќе дојде време за овој чекор.

3. Кои бои ми одговараат?

Секако, изборот на бои секогаш можете да му го препуштите на експерт, но бидејќи вие ќе живеете во тој дом (а не експертот), би било добро да учествувате во изборот сами. Што и да имате на ум, ве советуваме да го следите правилото 60-30-10, според кое 60% од просторијата ќе биде во неутрална боја. Ова правило можеби повеќе не е императив во декорацијата, но се покажа дека е сè уште наједноставно за безбедна примена.

4. Треба ли се да ми е на дофат?

Одговорот е: нема потреба! Но, треба да го имате при рака она што го користите често (секој ден) И што е дел од вашата рутина. Ова е особено точно за плакари, друг вид на мебел во кои чуваме работи, како и за кујнски елементи и оставата. Се разбира, ова е исто така тема што експерт ќе ја покрие со вас, но не е полошо да ја знаете сами, нели?! 🙂

Забелешка:

Овој пост, како и сите други инспиративни текстови објавени на оваа страница, вклучително и фотографии од мебел, служат за давање совети и инспирација на корисниците на оваа страница за најдобриот начин за комбинирање на мебел во ентериерот и потенцијални решенија за мебел по нарачка.

Фотографиите се илустративни.

Фотографии од прекрасни ентериери со прекрасен мебел прикажани во текстовите на блогот, служат само како инспирација и не се продаваат како готови модели.

Сподели ја објавата
Слични Објави
Остави Коментар

Дали сте спремни за промена?

Вие имате визија за вашиот простор, ние знаеме како да ја реализираме.
apartmentenvelopephone-handsetclockmenu